Кадетите и по вторпат подобри од Бугарија, триумф и на младинците

Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години славеше и на вториот пријателски натпревар против соодветната селекција на Бугарија. По вчерашниот триумф, денеска избраниците на Данило Брестовац славеа со 27-32 во натпревар во кој доминираше капитенот Мартин Серафимов со 12 постигнати гола.

Откако вчера предвреме го напушти мечот поради мала повреда, Серафимов денеска дополнително мотивиран ја „решеташе“ мрежата на противничкиот гол.

По дуелот на кадетските репрезентации  во Габрово вчера и младинската селекција на Македонија славеше убедливо против Бугарија со 39-28 (20-17). Младинските репрезентации на двете земји денеска го играат и последниот меч од оваа пресметка.

Се вчитува...