Кадетите загубија од домаќинот Полска

Кадетската репрезентација на Македонија во вториот натпревар на турнирот во Полска го претрпе својот прв пораз, во пресметката против домаќинот со резултат 34-32.

Избраниците на селекторот Брестовац се најдоа во негатива по бавниот старт, но експресно се вратија израмнувајќи на 8-8 по дваесетина минути игра. Полјаците го завршија полувремето со предност од 14-12, потоа на стартот од вториот дел поведоа и со 20-15, за нашите ракометни надежи да одиграат поквалитетно во последните петнаесетина минути и на крајот мечот да заврши со два гола разлика.

Македонија во првото коло ремизираше против Белорусија (27-27), а избраниците на селекторот Брестовац утре во рамките од третата рунда ќе се сретнат со Чешка.

Се вчитува...