Кадетски репрезентативци од Њу Старс на проба во Динамо Киев и во Малме

ФК Њу Старс веќе извесено се наметнува како еден од најголемите расадници на нови македонски таленти, кои се поотворено го привлекуваат вниманието и на клубови од најсилните европски лиги.

Дури четворица фудбалери од Њу Старс, членови и на македонските репрезентации до 15 и до 17 години, деновиве се дел од камповите на украински Динамо Киев и еден од најдобрите шведски клубови, Малме.

Михаил и Димитриј Димитриевски, кои се и дел од македонската репрезентација за фудбалери до 17 години, се на проба во Динамо Киев каде се очекува да ја продолжат својата кариера, додека Марко и Матео Софијаноски, репрезентативци до 15 години, се очекува кариерата да ја продолжат во Малме каде изминатиов период оставија одличен впечаток.

„Њу Старс се обидува да создаде млади таленти кои на вистински начин би го претставувале потоа македонскиот фудбал во европски рамки. Секако сакаме клубот за секој потенцијал да биде сериозен патоказ за остварување на индивидуалните цели, а на тој начин да добие и македонскиот репрезентативен фудбал“ – велат од Њу Старс.

Њу Старс оваа година со пет свои генерации стигна и до четвртфиналето од Купот на Македонија за млади категории.

Се вчитува...