„Кафу и Карлос беа одлични, но Арнолд и Робертсон…“

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега аналитичар на „Скај-спортс“, Гери Невил не ги криеше зборовите за пофалба за бекоскиот тандем на Ливерпул.

Според неговите зборови Ендру Робертсон и Трент Александер Арнолд се подеднакво добри како легендарниот бразилски тандем, Кафу и Роберто Карлос.

„Роберто Карлос и Кафу се веројатно најдобрите бекови во историјата на фудбалот. Толку години беа на неверојатно ниво. Тие се трансформираа и ја унапредија оваа позиција. Беа неверојатно, но овие двајца… Мислам дека немам видено два бека во премиер-лигата да играат на тоа ниво. Прекрасно е да ги гледаш кога се на терен“, изјави Невил. 

Арнолд сезонава има осум асистенции, додека Робертсон досега запиша пет.

Се вчитува...