Каиседо: Имав закажано лекарски прегледи во Ливерпул, а потоа телефонот заѕвони…

Играчот од средниот ред Моисес Каиседо, откри како се одвивал неговиот трансфер во Челси, и покрај тоа што имал договор со Ливерпул.

Ливерпул за Каиседо понуди 111 милиони фунти, што беше клупски рекорд, но и тоа не беше доволно. Имаше закажано и лекарски прегледи, го чекаа, меѓутоа на крајот замина во лоднонските „сини“.

Откри дека за се е „виновен“ еден телефонски повик кој го добил од играчот на Челси, Енцо Фернандез.

„Многу убаво зборувавме. Самиот факт што ве побара првак на Светот и еден од најдобрите играчи во средниот ред говори сам по себе. Тој телефонски повик ме убеди да одам во Челси. Јасно кажа дека се во клубот е одлично и дека има многу одлични млади играчи. Сето тоа што ми го кажа ме мотивираше. Самиот уживам во играњето со него, во тренирањето. Секогаш сме заедно, и многу сум среќен“, рече Каиседо.

Енцо Фернандез откри зошто се одлучил да му се јави на Каиседо.

„Му се јавив да му кажам дека мора да ја прифати понудата на Челси затоа што сме многу амбициозен клуб. Среќен сум што го одбра Челси“, рече Фернандез.

Се вчитува...