Кај нас продолжува прволигашкиот фудбал: Силекс ја пречекува Струга во дербито на колото!

Додека светот е фокусиран на возбудувањата на Светското првенство во Катар, во Македонија по репрезентативната пауза продолжуваат прволигашките активности од есенскиот дел од шампионатот.

Силекс и Струга ТЛ денеска од 13 часот во Кратово го отвораат 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дербито на колото е во Кратово каде Силекс ќе се обиде да му го нанесе третиот пораз сезонава на лидерот Струга ТЛ.

Но, стружани по враќањето на победите и пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија носат нов мотив за продолжување на патот до есенската титула.

„Гостуваме кај една добра екипа, која има квалитет, знаат што сакаат на теренот, но и ние имаме свои цели. Ова ќе биде многу тежок натпревар за нас, но се надевам дека ќе се вратиме во Струга со три бода. Важно е да одиграме добар натпревар, сепак ќе биде тежок терен за игра, мора да бидеме многу концентрирани, фокусирани и да ги исполниме барањата на нашиот тренер. Добро ја искористивме двонеделната пауза, се одморивме малку, но секако и многу трениравме па подготвени сме за тоа што не очекува во Кратово“ – вели еден од најдобрите фудбалери на стружани. Сава Радиќ.

ПМФЛ – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ

Слободна е Брегалница

Се вчитува...