Кака во солзи кажа збогум, плачеше половина стадион (видео)

Рикардо Кака емотивно го доживеа својот последен натпревар во дресот на Орландо сити, тим за кој настапуваше уште од 2014 година. Бразилскиот генијалец објави дека ја напушта МЛС-лигата, а заедно со него солзи на синоќешниот дуел со Колумбус пуштија и илјадници фанови на Орландо, свесни дека за последен пат го гледаат овој фудбалски велемајстор во дресот на својот клуб.

Ова е посебен ден за мене, цел ден размислував за сето она што го доживеав во претходните три години. Денеска можам на сите да ви речам „Благодарам“ и дек многу ќе ми недостигате. Засекогаш ќе бидам еден од вас“ – им порача Кака на навивачите на клубот од Флорида.

Се уште е нејасно кој ќе биде следниот чекор во кариерата на Бразилецот, кој најверојатно ќе се врати да одигра една сезона во татковината, пред и дефинитивно да му каже збогум на фудбалот.

Рикардо Кака е еден од само четирите фудбалери во историјата кои ја освоиле Златната топка, но исто така триумфирале и на еден фудбалски мундијал и во Лигата на шампионите. Тој својата кариера ја почна во Сао Пауло, а во Европа осум години го носеше дресот на Милан и четири сезони беше член на Реал Мадрид.

Се вчитува...