Како Богдановиќ ја спаси Атланта: Со тројка од невозможна позиција (ВИДЕО)

Српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ го одигра својот прв плеј-оф натпревар во НБА лигата, а беше еден од главните играчи во победата на својот тим против Њујорк со 107-105 со 18 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Бекот на Атланта го олесна патот до победа за својот тим откако на 55. секунди до крајот погоди тројка од невозможна позиција вредна изедначување (103-103) па по мечот се осврна кон овој потег.

„За малку не ми ја украдоа топката, нема да ве лажам. Ја видов топката, ја земав и за момент бев отворен па само шутнав. Ништо повеќе. Ова е само првиот натпревар. Доколку не постигневме неколку тешки поени и одбраневме некои добри напади, овој натпревар лесно моежеше да биде и во нивна полза. Знам дека можеме да играме подобро од ова, тоа е сигурно. Немаме време да уживаме, мораме да се подготвиме за следниот натпревар“, изјави по мечот Богдановиќ.

Се вчитува...