Како Грција ги „спаси“ ѕвездите на Премиер-лигата од самоизолација од две недели

Премиерлигашките фудбалери кои во огромен број летуваа во Шпанија, особено на Канарските острови изнајдоа начин како да ја „измамат“ сопствената држава и да си се вратат во Англија без задолжителниот карантин од 14 дена предвиден за тие што влегуваат во Велика Британија од Шпанија.

Со оглед на финансиските можности на фудбалерите не им било тешко да организраат летови од Грција. Практично на крајот од летувањето во Шпанија, оделе до Грција од каде летале за Англија и со тоа избегнуваат карантин од две седмици. За влез од Грција во Велика Британија не е предвиден карантин.

Сезоната во Премиер-лигата заврши на 26. јули и играчите на најголемиот дел клубови, оние што немаа европски обврски добија пауза во пресрет на подготвителниот период за стартот на новата сезона закажан за 12.септември.

 

 

Се вчитува...