Како изгледа голманот на Киево по судирот со Роналдо (фото)

Стефано Сорентино бранеше одлично за Киево до самиот крај од мечот со Јувентус, но искусниот голман потоа серизно настрада при еден дуел со Кристијано Роналдо во 86. минута.

Тој остана да лежи неподвижен на теренот, а за среќа неговите соиграчи реагираа експресно, вадејќи му го јазикот за да не го проголта. Сорентино експресно беше пренесен во клиниката во Верона, каде ја мина и ноќта, но во следните денови ќе може да се врати на тренинзи.

„Не се сеќавам на ништо од инцидентот, подоцна ми раскажаа дека сум се судрил со Роналдо. Ми пиша Дибала за да ми се извини што се радувале и што барале гол додека јас сум лежел повреден. Нема проблем, не се лутам никому, вакви работи се случуваат во фудбалот“ – порача Сорентино.

Се вчитува...