Како изгледа статуата на Ибра по синоќешниот инцидент? Без нозе, со јаже околу вратот…

Златан Ибрахимовиќ се уште е непријател број еден за поголемиот дел навивачи на Малме откако стана сопственик на Хамерби.

Откако на 27. ноември неуспешно се обидоа да ја запалат статуата поставена пред стадионот во Малме, навивачите и понатаму никако да се смират па синоќа имаше нов напад со кој значително е оштетена. Фановите на Малме со моторна пила се обидоа да ги исечат двете ноза како би ја срушиле статуата, поради што полицијата веќе интензивно патролира покрај стадионот.

Се појави и можност истата да биде префрлена во Стокхолм, но градското собрание на Малме сето тоа категорично го отфрли.

„Статуата нема да оди никаде. Златан е роден тука и ќе остане врзан за Малме. Тој е пример за младите луѓе“ – порачаа од Градското собрание на Малме.

Пооделна навивачи побараа статуата да биде заменета со онаа на Маркус Розенберг, легенда на клубот кој пред неколку денови стави точка на кариерата.

Се вчитува...