Како ќе изгледаат болидите во Ф1 во наредната сезона (ВИДЕО)

Официјалниот сајт на Формула 1 публикуваше видео во кое е презентирано како ќе изгледаат болидите за 2019 година, кои се промените во правилата за аеродинамиката и какво влијание се очекува да имаат тие на натпреварувањето.

Споредбено се покажани разликите меѓу болидите што беа на патеката во 2018 и новиот дизајн со кој ќе излезат болидите во новата сезона. Она што е највоочливо е промената на предното крило кое е пошироко од поранои со помалку спроводници за воздух што овозможува полесно да се одржува блиска дистанца со друг болид на патеката.

Задното крило е повисоко и подлабоко, а поголем е отворот за ДРС за да се постигне поголема брзина при претекнувањето.

Новините во Ф1 се објавени во следното видео:

Се вчитува...