Како Манчестер Јунајтед го изигра Де Хеа…

Давид де Хеа на 1 јули ќе стане слободен играч и ќе си замине од Манчестер јунајтед, по големиот пресврт што се случи пред петнаесетина дена и откажувањето на „црвените ѓаволи“ од намерата да го задржат шпанскиот голман во своите редови.

Тен Хаг во изјавите делуваше оптимистичен дека Де Хеа ќе потпише нов договор, а шпанскиот голман покажа желба да остане прифаќајќи ја понудата на управата, иако тоа значеше и намалување на платата од повеќе од 50% во однос на тоа што во моментов го заработува. Де Хеа дури и им се пофалил на соиграчите дека останува, потпишувајќи го договорот, но останал шокиран кога клупските директори решиле да не го сторат истото.

Наместо потпис, Манчестер Јунајтед се вратил со нова понуда, со уште поголемо намалување на платата од она што веќе го прифатил. Шпанскиот чувар на мрежата разочаран од ваквиот однос на управата решил да си замине, воопшто не разговарајќи за нови услови за останување. Во тој правец „црвените ѓаволи“ веќе петнаесетина дена интензивно бараат нов голман, а на врвот на листата со желби е Андре Онана од Интер, проценет на 50 милиони евра.

Се вчитува...