„Како може Карагер да го критикува Роналдо, па тој има помалку натпревари отколку што Кристијано дал голови“

Кристијано Роналдо со два гола му ја донесе на Манчестер Јунајтед победата на дербито со Арсенал, со што Португалецот урна ушт една неверојтна бариера – станувајќи прв играч со вкупно 800 голови на официјалните натпревари.

Комплиментите на адреса на португалската суперѕвезда доаѓаат од сите страни, а неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, јавно го нападна Џејми Карагер, кој по дербито со Челси го критикуваше Роналдо.

„Толку многу се зборува за Роналдо, што навистина не разбирам. Имаме луѓе како Џејми Карагер, кои одиграле 775 средби во својата кариера, а говорат како стручњаци за Кристијано. Па тој постигна 801 гол во кариерата, има повеќе голови отколку што Џејми одиграл натпревари… секој треба да си го знае местото, за што може да зборува, а за што не“, изјави Евра.

Евра ја коментираше неделната изјава на поранешниот дефанзивец на Ливепрул, кога Карагер му даде поддршка на Мајкл Карик за одлуката дербито со Челси да го почне без Роналдо во стартниот тим.

„Кристијано Роналдо веќе не е играчот што некогаш беше и доминираше на терените. Очигледно, тој се уште дава многу голови, но не треба да биде главна вест ако Роналдо не го почнува секој меч од почеток или ако тренерот го извади од игра“, истакна Карагер по дуелот на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...