Како само извиси Евертон: Засилувањето мина прегледи, се сликаше… па на крајот потпиша за Тотенхем

Евертон се наоѓа во огромна криза, го смени Френк Ламапрд од тренерското место, „карамелите“ се мачат да најдат негов наследник, но и да ги осигураат засилувањата планирани од управата.

Премиерлигашот од Ливерпул се чини го допре дното во преговорите со Арно Данјума, откако овој фудбалер ги договори сите детали, но во последен момент се премисли, одби да потпише договор со Евертон и на крајот се пресели во Тотенхем. Крилниот офанзивец на Вилјареал доби зелено светло за позајмица до крајот на сезонава, по што пристигна на „Гудисон парк“, дури и се фотографираше во дрес на Евертон и се чекаше само на официјалната промоција.

До неа сепак не дојде откако во трката се вмеша Тотенхем, па „спарси“ набрзина се договорија со Вилјареал, а потоа и го убедија Данјума да не оди во Евертон, туку да му се приклучи на проектот предводен од Антонио Конте.

Што се однесува до менаџерската потрага, последните информации говорат дека првиот пик Марсело Биела ги одбил „карамелите“ бидејќи немаат доволно брзи фудбалери, какви што тој посакува во својот тим. Данјума дефинитивно ќе беше едно од решенијата за тој проблем…

Се вчитува...