Како се сака клуб: Брачен пар патуваше повеќе од 5.000 километри за да го гледа Ливерпул двaпати во 22 часа

Дејвид и Џоана Хилс станаа ѕвезди во Англија откао им успеа да го гледаат Ливерпул, двапати во 22 часа и против Астон Вила во четвртфиналето од Карабао Купот и против Монтереј на Светското првенство за клубови во Катар. Патувањето е дел од роденденскиот подарок за Џоана кое треба да заврши во Сиднеј.

Реализацијата на идејата била стресна со оглед на краткото време и предолгиот пат. Се било во детали организирано. Прво патувањето за дуелот со Астон Вила во Карабао купот. Кога ја виделе ждрепката, решиле да ги заменат билетите кои веќе имале друга локација. Дејвид и го предложил планот на Џоана, а таа се согласила знаејќи ја неговата љубов кон Ливерпул.

Потоа почнала драмата, летот до Катар е долг, повеќе од шест часа. Дејвид и Џоана имале договор со хотелот во кој требало да престојуваат. Специјално возило да ги земе од аеродромот веднаш штом ќе слетаат и да ги носи на стадионот, додека багажот им бил префрлен директно каде што престојувале.

Речиси иста авантура имале и неколку 25-годишни момчиња кои исто така го гледале двата меча. Подвигот бил единствено можен затоа што овие навивачи на Ливерпул ги имале букирано авионските билети за Катар уште пред ждрепката на четвртфиналето во Купот. Идентично патување, имаа и дел од младите фудбалери кои играа за Ливерпул против Астон Вила.

Тимот на Јирген Клоп имаше лош распоред и беше невозможно со најдобриот тим да се одиграат двете средби кои беа закажани многу блиску во термините. Менаџерот донесе одлука младинците да играат против Астон Вила, а тој со првиот состав замина за Катар.

Се вчитува...