Како се вика Шејн Ларкин на турски?

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата и член на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, официјално доби турски пасош и ќе настапува во дресот на селекцијата на Турција на претстојниот олимписки квалификациски турнир во Виторија. Тој мораше да добие и турско име.

Како се вика Шејн Ларкин на турски? Неговото турско име е ДеШејн Дејвис Каркин.

Турција го има и Скоти Вилбекин како натурализиран кошаркар во репрезентацијата, но селекторот Сариџа ќе може да избере само еден од нив за олимпискиот квалификациски турнир. Тоа речиси сигурно ќе биде Шејн Ларкин.

 

Се вчитува...