Како славеа Алиоски и Лидс по влезот во Премиер-лигата (видео)

Еуфорично беше синоќа во Лидс, откако ВБА загуби на гостувањето против Хадерсфилд, резултат со кој тимот на нашиот Езгјан Алиоски и официјално си обезбеди влез во Премиер-лигата.

По цели 16 години Лидс повторно ќе биде дел од елитното друштво, па расположението со право беше на високо ниво. Клубот од „Иланд Роуд“ утрово на социјалните мрежи го објави видеото од заедничката прослава на фудбалерите, кои групно го гледаа мечот Хадерсфилд – ВБА, како и огромната радост по последниот судиски свиреж.

Се вчитува...