Како звучи „Среќен роденден, Мане“ на сите јазици во Ливерпул (видео)

Садио Мане денеска го прославува 28. роденден, а роденденска торта во Ливерпул ќе изостане поради правилата за самоизолација. Сепак, Јирген Клоп, членовите на стручниот штаб и сите фудбалери на „црвените“ на почетокот од денешниот тренинг не заборавија да му го честитаат роденденот на Сенегалецот, според вообичаениот тренд во клубот, секој пеејќи роденденска песна на својот јазик.

Слушнете како звучи тоа на англиски, холандски, германски, хрватски, албански, египетски, јапонски…

Се вчитува...