Каков „кикс“ на Сити: Прашајте го Кулибали и добијте негов дрес

Во таборот на Манчестер Сити се чини се уште се во шок по убедливиот пораз од Лестер, па „граѓаните“ синоќа направија огромна грешка на официјалната веб-страница при промоцијата на Рубен Дијаз.

Пеп Гвардиола ја заврши потрагата по нов дефанзивец со ангажман на Португалецот од Бенфика, кој беше „план Б“ откако Сити не успеа да се договори со Наполи за трансферот на Калиду Кулибали. Сепак, некој заборавил да им го пренесе тоа на вработените на веб-страницата, па под веста за Дијаз стоеше и организирана наградна игра од страна на клубот – прашајте го Калиду Кулибали прашање… и добијте дрес на Калиду Кулибали.

Грешката нешто подоцна беше исправена, но медиумите веќе имаа собрано „принт-скринови“ од големиот „кикс“, па денеска ширум фудбалска Европа се тера сеир на сметка на Манчестер Сити.

Се вчитува...