Каков „кикс“ на Тијаго Силва на дебито во Премиер-лигата (видео)

Тијаго Силва направи катастрофална грешка на своето премиерлигашко деби во дресот на Челси, подарувајќи му гол на тимот на ВБА. Домаќините го шокираа фаворитот откако по неполни триесетина минути поведоа со 3-0, а главен виновник за вториот гол е токму Силва, кој почетнички ја загуби топката на средината од теренот, по што Робинсон му ја украде, излезе очи в очи со голманот и го зголеми водството на Вест Бромвич.

Френк Лампард и сезонава има огромни проблеми со одбраната, а Силва со денешната грешка јасно покажа дека многу тешко ќе се снајде како „командант“ на најпроблематичниот дел од тимот на „сините“.

Се вчитува...