Каков луд пенал-рулет: Борјан е херојот на Црвена Звезда, шок за Селтик и за Порто

Црвена Звезда на неверојатен начин стигна до плејоф-рундата за влез во ЛШ откако по пенал-рулет успеа да го елиминира Копенхаген. Мечот во Данска заврши 1-1, како и пред седум дена на „Маракана“, а во пенал-завршницата беа изведени дури 11 серии. Копенхаген имаше можност во шестата и во седмата серија да го осигура пласманот во следната фаза, но голманот Борјан блескаше кога беше најважно.

Тој одбрани дури пет пенали, вклучувајќи го и оној клучниот во 11. серија, со кој ја однесе Црвена звезда во плејоф пресметка со Јанг Бојс за влез во Лигата на шампионите, втора година по ред за поранешниот европски првак.

Својот настап во квалификациите за ЛШ го заврши и Селтик, откако шкотскиот првак беше шокиран среде Глазгов од Клуж. Романците во второто полувреме губеа со 2-1 и со 3-2, но собраа сили за фантастичен пресврт и со победа од 3-4 се пласираа во последната рунда од квалификациите за влез во групната фаза. Следен ривал на Клуж ќе биде чешкиот првак Славија Прага.

Шансите за влез во ЛШ ги загуби и Порто, откако редовниот учесник во елитното европско натпреварување загуби на домашен терен од Краснодар со 2-3. Порто влезе во мечот со предност од 0-1 од првиот меч во Русија, но по 45 минути игра на „Драгао“ – шок за Португалците и водство на Краснодар од 0-3. „Сино-белите“ во вториот дел постигнаа два погодоци, но

Се вчитува...