Каков луд старт: Ливерпул поведе со гол од пенал во 2. минута

Ливерпул по неполни две минути игра поведе во големото финале од Лигата на шампионите против Тотенхем, со голот од пенал што го постигна Мохамед Салах.

Помалку од триесет секунди беа доволни за „црвените“ да се преселат во противничкиот шеснаесетникот, а обидот за проигрување на Мане заврши во раката на еден противнички играч. Скомина покажа на белата точка, судиската одлука беше потврдена и во ВАР-собата, по што Салах рутински реализираше од единаесет метри за огромна радост на навивачите на Ливерпул во Мадрид.

 

Се вчитува...