Каков меч: Франција во трилер-дуел ја совлада Норвешка

Франција и Норвешка одиграа фантастичен натпревар во првото коло од групата Б, трилер дуел што беше решен во последната минута со хепиен за светските шампиони, со голот на Гигу за победа од 32-31. Норвежаните имаа контрола над резултатот во поголемиот дел од натпреварот, но скапо го платија падот на концентрација во самиот финиш и му дозволија на противникот да дојде до триумф.

Франција беше подобар противник во раната фаза од натпреварот, но Норвежаните почнаа да доминираат во финишот од првото полувреме, го свртеа резултатот во своја полза и на одмор заминаа со предност од 15-17. Скандинавците го контролираа резултатот во првите петнаесетина минути од второто полувреме, во неколку наврати имаа и „плус три“, но попуштија кога беше најзначајно. Французите одиграа маестрално кога беше најзначајно, одговорија на предизвикот во последните десет минути, најпрвин стигнаа до израмнување, за со голот на Гигу во последната минута да забележат голема победа.

Мае со  осум и Гигу со пет гола беа најефикасни кај „триколорите“, додека прв стрелец на Норвешка при денешниот пораз беше Тонесен со седум погодоци.

Се вчитува...