Каков меч на Левандовски: Ги пушти „милионерите“ да се порадуваат со 0-2, па ги „здроби“ со хет-трик (ВИДЕО)

Во извонреден натпревар на Роберт Левандовски, Баерн Минхен со пресврт славеше со 4-2 против Борусија Дортмунд во дербито на 24. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ многу брзо на почетокот на дуелот поведоа со 0-2 со головите на Халанд во 2. минута и 9. минута.

Но, потоа се беше во знакот на Левандовски и Баерн Минхен. Полјакот најпрво со два гола уште во првото полувреме израмни на 2-2.

А, потоа во вториот дел, откако најпрво Горецка во 88. минута донесе 3-2 за домашните, во 90. минута Левандовски со хет-трик заокружи за 4-2.

Bayern Munich [4] – 2 Borussia Dortmund – Robert Lewandowski (Hat-trick) 90′ from r/soccer


Се вчитува...