Каков татко, таков син: Кристијано и Јуниор ги покажаа мускулите (ФОТО)

Наследникот на Роналдо, Кристијано Јуниор веќе неколку години се занимава со фудбал и покажа дека е исклучително талентиран, но неговиот тактко не сака да го присилува на тоа. Во едно од интервјуата фудбалерот на Јунајтед призна дека се труди што повеќе да го научи својот најстар син како да биде професионалец и дека сака Кристијано Јуниор да ја следи неговата исхрана, но тоа не секогаш најдобро му оди.

Како и секое дете, Кристијано Јуниор сака да јаде и пие што сака, а Роналдо не сака да му наметнува никакви големи ограничувања. Сепак, фотографијата која КР7 ја објави на Инстаграм покажа дека тренингот тече добро и дека тој го следи својот татко.

Тој и неговиот син позираа само во долна облека, а многумина се воодушевени што Кристијано Јуниор веќе има навистина одлични мускули, со оглед на тоа што има само 11 години.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

Се вчитува...