Каков удар за Тотенхем – се повреди Хари Кејн

Маурицио Покетино се соочи со најсериозниот можен проблем во пресрет на финишот од сезоната, откако Хари Кејн заработи повреда во второто полувреме од вечерашниот натпревар меѓу Тотенхем и Манчестер Сити.

Асот на „спарси“ настрада при еден дуел со Делф, по што веднаш стана очигледно дека повредата не е нималку наивна. Покетино немаше друг избор освен веднаш да го повлече својот најдобар фудбалер од игра, по што Кејн со помош на физиотерапевтите веднаш се упати кон соблекувалната.

Јасно е, отсуството на англискиот голгетер сериозно ќе се одрази не само врз шансите за пласман во полуфиналето од ЛШ, туку и во трката за третото и четвртото место во Премиер-лигата.

Се вчитува...