Какруки: Со максимална посветеност до две победи над Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација во вториот прозорец од квалификациите за Свесткото првенство 2023 силите ќе си ги одмери со Грузија, прво во гости в петок, а потоа на домашен терен во недела. Нашите репрезентатативци ќе настапат со ослабен состав поради поголем број на повреди, па младите кошаркари кои допрва треба да прераснат во лидери на сениорскиот тим ќе имаат шанса да се докажат на теренот.

Еден од нив е Валмир Какури, кошаркарот на Работнички кој дебитира во сениорскиот дрес и вели дека овој тим и покрај тоа што е млад ќе даде се од себе за да дојде до победа.

„Горд сум што ќе играм за Македонија во овие квалификации. Иако сме многу млади и не недостигаат многу играчи верувам дека ќе победиме на мечевите со Грузија. Треба да дадеме се од себе на двата меча и мислам дека во таква ситуација имаме шанса за победа“, изјави Какруки. 

Натпреварот меѓу репрезентациите на Грузија и Македонија кој ќе се игра во Тбилиси е закажан за во петок со почеток во 16 часот.

Се вчитува...