Пред вечерашниот меч помеѓу Арсенал и Баерн Минхен, во центарот на вниманието е Хари Кејн. Голгетерот на „Баварците“ кој блеска со својот тим, и веројатно ќе стане најдобриот голгетер во историјата на Англија, самиот бил пред трансфер на „Емирати“, но сплет на околности го спречиле да го облече дресот на „топчиите“.
Кејн против Арсенал постигнал 15 голови во 21 натпревар, вклучувајќи го и оној гол во 1/4 финалето во Лигата на шампионите 2024 година.
Самиот Кејн бил фан на Арсенал, а англиските медиуми се враќаат во 2004 година, во која тогаш младиот Кејн ја офарбал косата црвена, со цел да ја прослави титулата на својот омилен тим. Тој бил дури и дел од Арсенал, кој се откжал од него.
„Од својата осма година, кога бев отпуштен од Арсенал, можеби се појави желбата да се докажам“, рече Кејн.
Тогашниот „дебелко“ бил отстранет од тимот поради фудбалер по име Бенк Афобе, затоа што тој бил физички посилен и побрз.
Кариерата на Афобе беше проследена со повреди, а веројатно најдобрата сезона ја одиграл во 2015/16 кога за Вулверхемптон постигна 22 гола. Дури во еден миг бил баран од Барселона, но не успеа да направи кариера како Кејн. Сега не игра никаде, а бил во клубови од Катар и Турција.
Инаку Кејн подоцна заминал од Тотенхем, но и таму има приказна дека сакале да го избркаат, но по неколку позајмици, сепак, се одлучиле да го задржат, и тоа благодарение на повредите во тимот од Лондон во тие мигови, а сето друго е историја.
Harry Kane was a fanatical Arsenal supporter as a kid and spent four years with the club’s youth set-up.
Harry Kane was once so desperate to play for Arsenal that he offered to go in goal for the Gunners. [Mirror] pic.twitter.com/wVhRQJAtqO
— AfcVIP⁴⁹ (@VipArsenal) April 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

