Каква драма во првите 45 минути во Минхен: Роналдо погоди, па ги налути Германците (ВИДЕО)

Извонреден натпревар меѓу Германија и Португалија во Групата Ф во Минхен на Европското првенство 2020.

Во драматични први 45 минути, Португалците најпрво поведоа со 0-1 со голот на Кристијано Роналдо уште во 15. минута од средбата.

Но, тоа само ги налути Германците кои потоа стигнаа до целосен пресврт. Најпрво во 35. минута Хаверц погоди за 1-1, а потоа во 39. минута и автогол си постигна Гуериро за водство до 2-1 на домашната репрезентација.

Се вчитува...