Каква лудница во Африка: Камерун со гол во 124 минута се пласираше на СП во Катар! (ВИДЕО)

Камерун имаше победа од 0-1 во регуларниот дел над Алжир во финалниот бараж за пласман на Светското првенство со голот на Чупо-Мотинг, а со оглед на фактот дека првиот меч завржи со победа на Алжир, се играа продолженија.

Таму Алжирците успеаја да израмнат во 118. минута. Тоуба постигна гол за 1-1, резултат кој го носеше Алжир во Катар. Меѓутоа во 124 минута, Тото Екамби ги шокираше домашните фанови, постигна гол со кој Камерун обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

Ова ќе биде голема трагедија за Алжир кој го загуби пласманот на Мундијал во последните секунди од натпреварот.

Се вчитува...