Фудбалерите на ПСЖ не покажувајќи ниту малку милост славеа со убедливи 6-2 против Бордо во 8. коло од француската Лига 1.
Триумфот на машинеријата од Париз беше најавен уште во 5. минута со феноменалниот гол на Нејмар од слободен удар. Потоа стрелаа и Кавани, Муние и повторно Нејмар, сега од пенал, па Дракслер и сето тоа за 5-1 на полувремето.
Во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Мбапе во 58. минута за 6-1, а на крајот гостите само малку ублажија преку Малком од пенал во 89. минута за конечни 6-2.
По овој триумф, ПСЖ се издвои со 22 бода на врвот од табелата, пред Монако со 19 бода, и Бордо со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА