Какво лудо дерби – Наполи се “врати од мртвите“ и го реши Милан

Наполи и на вториот дерби-натпревар сезонава стигнува до цел плен, и тоа повторно по пресврт откако тимот на Карло Анчелоти вечерва славеше над Милан со 3-2 на својот прв домашен меч. Триумфот и еуфоријата се уште поголеми ако се знае дека „росонерите“ имаа водство од 0-2, но „наполитанците“ уште еднаш покажаа дека поседуваат фантастичен карактер, не се откажаа и го свртеа резултатот во своја полза.

Бонавентура го отвори овој дерби дуел со фантастичен погодок, на 0-2 на самиот старт од вториот дел зголеми Калабрија и се чинеше дека Милан ќе стигне до огромен триумф. Сепак, така не мислеше Зиелински, кој со два брзи гола ја врати неизвесноста, пред Дрис Мертенс да го комплетира пресвртот.

Фантастичен дерби-натпревар кој покажува дека Наполи и сезонава дефинитивно ќе атакува на највисок пласман.

Се вчитува...