Какво лудо руско дерби – осум гола и ремек-дело на Шатов

Зенит уште еднаш ги потврди шампионските амбиции за новата сезона, откако со фантастична игра во дерби-дуелот од осмото коло го совладаа актуелниот првак Локомотив Москва со 5-3.

Фановите во Санкт Петербург можеа да уживаат во извонредна фудбалска претстава на своите миленици, што со фантастичен погодок ја најави Шатов, за водство на Зенит од 1-0. Баринов намали на 1-1, резултат со кој е замина на одмор, за потоа со три гола на Ерохин, Ѕјуба и на Шатов домаќините да поведат со 4-1. Локомотив остана со играч помалку, но сеппак намали на 4-3, пред Дриуси да ги постави конечните 5-3.

Зенит со оваа победа се зацврсти на првото место на табелата со 22 бода, седум повеќе од второпласираниот Ростов.

Се вчитува...