Калатес ќе биде бомбата на Обрадовиќ

Грчкиот кошаркар Ник Калатес е блиску до договор со Партизан, пренесува „Јурохопс“. Раул Нето го засили Фенербахче и тој потпис практично му ја отвори вратата на Калатес да бара нова средина.

Досега интерес покажаа два клубаПартизан и Олимпија Милано. Шампионот на Италија во моментов нема многу напредок во преговорите, откако веќе има договор со Кевин Пангос.

Калатес кариерата ја започна во Панатинаикос, потоа повторно играше за Локомотив Кубањ, Мемфис, Панатинаикос, а пред Фенербахче настапуваше за Барселона.

Во кариерата во Евролигата имаше просек од 9,3 поени, 5,9 асистенции, 3,7 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.

Се вчитува...