Калатес во војна со Фенербахче: Ако сакате да ме избркате, дајте ми ги парите

Фенербахче прави значителни промени во составот за наредната сезона, турскиот гигант веќе го доведе Јам Мадар од Партизан, во завршна фаза се и преговорите за бразилскиот репрезентативен плејмејкер Раул Нето, но потежок дел од работата е да е најде начин да се раскине договорот со Ник Калатес.

Грчкиот ветеран има уште една година од актуелниот договор во која треба да заработи 1,5 милиони евра од Фенер и јасно стави до знаење дека нема намера да си замине без соодветна отштета.

„Ако сакате да ме избркате, дајте ми ги парите“, гласела пораката на Калатес до тренерот Итудис и клупската управа, јасно ставајќи до знаење дека конфликтот нема мирно да биде решен.

Искусниот плејмејкер минатата сезона играше по 26 минути во просек за Фенербахче, постигнувајќи по 8 поени, 4,9 асистенции и 4 скокови по натпревар.

Партизан е сериозно заинтересиран за услугите на Калатес, но слично како што беше ситуацијата и со Никола Миротиќ, сите преговори се ставени во мирување се додека грчкиот плејмејкер не постигне договор за раскин на договорот со Фенербахче.

Се вчитува...