Каљехон ги шокираше сите: Од Наполи оди во третолигаш…

Шпанскиот напаѓач Жозе Каљехон ги шокираше сите со одлуката од лето да го засили шпанскиот третолигаш Марбеља. Тоа е клубот во кој Каљехон ги направи своите први фудбалски чекори, по што се пресели во Реал Мадрид.

На 33-годишниот фудбалер ова лето му завршува договорот со Наполи, но шансите за продолжување на истиот се мали поради финансиските проблеми кои го мачат клубот со коронавирусот.

И додека некои од неговите колеги и натаму трчаат само по парите, Каљехон, кој на пазарот вреди 9,5 милиони евра, одлучува да се врати и да и помогне на Марбеља, клуб со вкупна вредност од 6 милиони евра.

Каљехон за Наполи одигра дури 336 натпревари со 80 постигнати голови и 77 асистенции.

Се вчитува...