Калин доминира на фјучерсот во Грција – Македонецот со нов триумф до пласман во големото финале

Нашиот најдобар македонски тенисер Калин Ивановски запиша нов триумф на фјучерсот во Грција. Македонецот овојпат славеше над Италијанецот Андреа Гутиере со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-3.

Ваквиот триумф за Калин значи и пласман во големото финале, кој има награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски, кој е трет носител на турнирот кај нашиот јужен сосед, го доби првиот сет во тај-брејк со 7-5, додека во вториот направи брејк на противнички сервис и со 6-3 го потврди пласманот во финале.

Македонецот за титулата ќе се бори утре против подобриот од натпреварот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједли.

Се вчитува...