Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски сигурно ја мина и втората пречка на ИТФ фјучрсот во Ерусалим, Израел турнир кој е со награден фонд од 25.000 американски долари.
Ивановски во втората рунда од турнирот во израелскиот град беше подобар од домашниот тенисер Ејал Шиовиц со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-1 и тоа за само 56 минути игра.
Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има четвртиот носител на турнирот, 458. на АТП листата, Израелецот Даниел Цикиерман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА