Калин Ивановски на доминантен начин се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот во Грција

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди место во четвртфиналето од фјучерс-турнирот во Ираклион, Грција откако одигра доминантна партија против германскиот тенисер Марлон Ванкан.

Македонецот првиот сет го доби со 6-3, а потоа во втроиот го „збриша“ противникот со убедливи 6-1 и закажа средба против чешкиот тенисер Јакуб Ницод.

Полуфиналниот меч Калин ќе го пречека како фаворит, а дали ќе ја продолжи топ формата и ќе стигне до место меѓу најдобрите четири тенисери останува да видиме.

Се вчитува...