Калин по доминацијата се пофали со трофејот: Му благодарам на семејството за поддршката (ФОТО)

Калин Ивановски со доминација на турнирот во Грција стигна до вториот сингл трофеј. Најдобриот македонски тенисер не загуби сет во елиминациите славејќи со 2-0 против Јеничек, Ванкан, Никод, Герини и Гима во големото финале.

По освојувањето на трофејот Македонецот објави фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ на кој се заблагодари за поддршката.

„Задоволен сум од перформансите кои ги покажав во финалето. Продолжуваме понатаму со напорна работа. Голема благодарност до семејството за љубовта и поддршката“, објави Ивановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

Се вчитува...