Калин се „чекираше“ во полуфиналето на фјучрсот во Грција

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди место во полуфиналето на фјучерс-турнирот во Ираклион, Грција откако одигра доминантна партија против Јакуб Никод од Чешка.

Македонецот важеше за фаворит на овој дуел, па својот противник рутински го победи со 2-0 во сетови. Калин победата ја најави во првиот сет добивајќи го со 6-4, а потоа со уште едно репризно издание од 6-4, успеа да обезбеди нов триумф по вчерашната супер игра над германскиот тенисер Марлон Ванкан..

Калин Ивановски сега ќе го чека ривалот со кој ќе биде во битка за финалето.

Се вчитува...