Калиниќ го напушти Фенербахче, но останува во Евролигата

Никола Калиниќ е најновиот кошаркар на Фенербахче кој реши да си замине од турскиот клуб по најавените кратења во буџетот. Српскиот интернационалец беше споменуван како желба на Црвена Звезда, се шпeкулираше дека е пред потпис со Макаби, за на крајот Калиниќ да заврши во Валенсија, клуб со кој денеска потпиша едногодишен договор.

„Добредојде во твојот нов дом, Никола. Валенсија постигна договор со српскиот репрезентативец Никола Калиниќ за следната сезона. Тој доаѓа од Фенербахче, каде ги мина последните пет сезони и ја освои Евролигата во 2017 година“, објави Валенсија на официјалната веб-страница.

Калиниќ е второто засилување на шпанскиот клуб од Фенербахче, откако претходно во Валенсија пристигна и Американецот Дерик Вилијамс. Покрај овие двајца врвни кошаркари, од Хувентуд беше донесен Клемен Препелич, додека од Алба пристигна исландскиот плејмејкер Мартин Хермансон.

Се вчитува...