Калиниќ го одби сребрениот медал од СП: Благодарам, ама јас не играв во Русија

Хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ го одби сребрениот медал од Светското првенство во Русија. Иако стручниот штаб и фудбалерите донесоа одлука дека и тој заслужува медал, затоа што беше дел од селекцијата, тој одби ваква можност. Калиниќ беше отстранет од репрезентацијата по кавгата со селекторот Златко Далиќ, на кого му замери дека не му дава доволна минутажа.

„Ви благодарам на медалот, ама јас не играв во Русија“, изјави Калиниќ.

Хрватскиот напаѓач со овој потег најверојатно и дефинитивно си ја затвори вратата во репрезентацијата. Од друга страна, тој е пред трансфер во Атлетико Мадрид.

Се вчитува...