Калиниќ наместо финале на СП, си игра билијард со Чалханоглу

Требаше да игра финале на Светско првенство в недела против Франција. Но, поради недисциплина, хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ беше отстранет од националниот тим и испратен дома. Тој одби да влезе во игра и да го замени Марио Манџукиќ во 84.минута на натпреварот со Нигерија, оправдувајќи го тоа со болки во грбот. Всушност, беше нервозен затоа што не добива соодветна минутажа на Мундијалот.

Селекторот Златко Далиќ по оваа негова реакција го отстрани од репрезентацијата, а Никола Калиниќ веќе ги почна подготовките со својот клуб Милан за новата фудбалска сезона. Се појави и интересна фотографија, како Калиниќ игра билијард за време на слободните активности со турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу.

И веднаш, хрватските медиуми информираа…„Калиниќ наместо финале на СП, игра билијард со Чалханоглу“

Се вчитува...