Калиниќ отпишан од Рома, се враќа во Мадрид

Никола Калиниќ е пред враќање во Атлетико Мадрид, откако Рома незадоволна од тоа што го покажа за време на престојот во Рим сака да се ослободи од неговите услуги.

Во Рома сакаат напаѓач кој ќе биде сериозна конкуренција на Џеко, но Калиниќ не покажа дека е дораснат на предизвикот. Калиниќ сезонава одигра само пет меча за „волчицата“, три во Серија А и два во Лига Европа, но се уште не успеал да постигне гол.

Поранешниот хрватски репрезентативец заработи и тешка повреда пред еден месец на дуелот на Рома со Сампдорија. Станува збор за повреда на лигаментите на коленото поради која ќе биде надвор од тимот барем три месеци.

Се вчитува...