Калјари го врати Диего Лопез на тренерското столче

Италијанскиот калчолигаш Калјари го именува Диего Лопез за нов тренер на тимот, откако претходно се раздели со Масимо Растели. Тоа е првата смена во Серија А оваа сезона.

Диего Лопез всушност се враќа на тренерското столче на Калјари по три години, со оглед дека беше веќе на кормилото во сезоната 2013/14. Тој и огромен дел од играчката кариера ја мина во редовите на овој клуб, настапувајќи цели 12 години во дресот на Калјари, со вкупно 344 настапи.

Калјари има две победи и шест порази, од кои четири во низа, на стартот од сезоната во италијанскиот шампионат.

Се вчитува...