Калјари ја шокираше Аталанта сред Бергамо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Калјари стигнаа до голема победа во борбата за опстанок, откако во 24. коло од италијанската Серија А славеа на гостувањето во Бергамо кај Аталанта со 1-2. Откако мируваа мрежите во првото полувреме, Переиро во 50. минута донесе водство за гостите од 0-1.

Само две минути подоцна Мусо направи голема глупост поради која доби директен црвен картон и ги остави соиграчите на цедило. Сепак, и покрај фудбалерот помалку избраниците на Гасперини во 64. преку Паломино израмнија на 1-1.

Гостите повторно нападнаа и повеќе ја посакуваа Конечните 1-2 ги постави Переиро со својот втор гол во 68. минута.

 

Се вчитува...