Калјехон: Наполи верува во скудето!

Наполи ја стартуваше во голем стил новата сезона од Серија А, освојувајќи максимален 21 бод од првите седум натпревари. Јасно е зошто еуфоријата во таборот на „наполитанците“ станува се поголема со секој следен натпревар, за што потврда е и оптимизмот на фудбалерите дека годинава конечно можат да стигнат до шампионската титула.

Искрено, веруваме во скудетото, но и јасно ни е дека ќе мораме да играме во ист стил до самиот крај на сезоната. Има уште многу за играње, но подготвени сме да работиме напорно, да даваме 100% од себе на секој натпревар и очекуваме тоа да донесе резултат. Знаеме дека сме силен тим, играме одличен фудбал и очекувам серијата победи да ја продолжиме и по репрезентативната пауза“ – изјави Хозе Калјехон, кој и сезонава прикажува одлични игри и веќе постигна четири погодоци во Серија А.

Вистинските предизвици за „наполитанците“ почнуваат веднаш по репрезентативната пауза, кога овој тим најпрвин му гостува на составот на Рома, по што ќе следи гостување во ЛШ на Манчестер сити, па нов дерби дуел во домашното првенство, пред своите гледачи против Интер.

Се вчитува...