Кам-бек од соништата на Роџер Федерер

Роџер Федерер во феноменален меч успеа да триумфира над Борна Чориќ со 2-1 во сетови, стигнувајќи до своето осмо финале на Мастерс-турнирот во Индијан Велс. За Федерер ова е седумнаесетта победа во низа во 2018 година, што е најдобар старт на една година во фантастичната кариера на швајцарскиот тениски великан.

Вечерашната победа дефинитивно е една од најслатките и најтешки во последните години, ако се знае дека Чориќ имаше предност од 5-7 во првиот сет, а потоа и поведе со 2-4 во вториот сет. Федерер успеа да ги земе следните четири гејма и да израмни на 1-1, но Чориќ не се предаде, па во два наврати во третиот сет имаше брејк предност. Сепак, големиот ас заигра најдобро кога беше најзначајно, повторно влезе во ритам во клучните моменти и го доби и решавачкиот сет со 6-4.

Роџер Федерер во финалето ќе се сретне со подобриот од мечот Дел Потро – Раониќ, во обид да стигне до 98. титула во кариерата.

Се вчитува...